Фудбал

ЗОШТО НАГЕЛСМАН БЕШЕ ЛАДНОКРВНО ОТПУШТЕН?

Надежниот германски тренер дојде во редовите на Барн Минхен најавен како најголемото засилување на баварскиот гигант, но си заминува како еден од најнеуспешните стратези на најтрофејната екипа од оваа земја.

Современиот спорт е суров, особено професионалниот, што јасно се гледа и преку зборовите на Оливер Кан, кој го наследи Румениге на позицијата извршен директор на Баерн Минхен.

Презентацијата на квалитетот на нашиот состав опаѓаше. Од јануари игравме се помалку атрактивно и успешно. Имаше големи флуктуации во перформансите со што беа загрозени нашите цели не само до крајот на оваа сезона, туку и за наредните сезони. Затоа, мораше да реагираме.

Јулиан Нагелсман беше веднаш заменет со Томас Тухел, но тој останува на платниот список на Баерн Минхен до истекот на договорот во 2026-та година, или додека не најде нов ангажман.