Мотоспорт

РЕД БУЛ НЕ ПРЕСТАНА(Л) ДА ГО НАПАЃА АЛОНСО

Шпанскиот возач бил желба на австриската екипа, која по секоја цена се обидувала да го доведе во своите редови, но никако не успеала во дури 4 претходни наврати и двапати сезонава.

Фернандо Алонсо вози за Астон Мaртин, а ова се негови зборови:

Имав понуди од Ред Бул во 2007-та, 2009-та, 2011-та, 2013-та и две сезонава. Ги одбив.

Шпанецот не кажа зошто ги одбил и какви биле понудите, но фактот што му бил понуден договор во годините кога Себастијан Фетел освојуваше титули (2010-13), кажува многу, нели?