Мотоспорт

ХАМИЛТОН ГИ ОБЈАСНИ КРИТИКИТЕ КОИ ГИ УПАТИ НА СМЕТКА НА МЕРЦЕДЕС

Зборовите со кои изјави дека тимот едноставно не гo слуша, британскиот возач ги објасни на следниот начин:

Јас сум еден од оние луѓе кои сакаат секогаш да се во право. Не сум секогаш во право, но во овој случај бев во право.

Секако дека тимот ме слуша, сетете се на успехот што го имавме низ времето (шест возачки и 8 конструкторски титули), што значи дека има(в)ме успех и разбирање. Има(в)ме и недоразбирања, но тоа е неизбежно во една врска.

Најважно е како ќе се справиме со овој момент. Дали ќе си признаеме кој згрешил, а кој бил во право и дали ќе заклучиме дека сме тим и дека треба сето тоа да го корегираме?

Ќе се вратат ли Хамилтон и Мерцедес на победничките патеки?