Фудбал

ФРАНЦИЈА ПОСЛЕ 19 ГОДИНИ ИМА ВТОРОЛИГАШКИ ИГРАЧ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Фудбалерот на Волфсбург, Саел Кумбеди, беше повикан од францускиот селектор Зинедин Зидан да им се приклучи за местото на повредениот Пјер Калулу од Јувентус.

Со тоа, 21-годишниот Кумбеди стана првиот второлигашки играч кој бил дел од А тимот на Франција од 2007 година наваму. Кумбеди настапува во втората германска Бундеслига и требало да биде со тимот до 21 година, но неочекувано добил повик за сениорскиот тим.

Франција в четврток гостува кај Италија во Милано, а в недела во Бордо е домаќин на Турција. На Галските петли им треба само еден бод во овие две кола, за да обезбедат четвртфинале во елитната Лига на нации.

[do_widget id=custom_html-5]