Фудбал

ВОДИТЕЛКА ГО НАПАДНА ДОКУ ЗАТОА ШТО САКА ДА БИДЕ НА РАЃАЊЕТО НА СВОЕТО ДЕТЕ

Белгискиот репрезентативец Жереми Доку се најде во центарот на голема дебата пред продолжението на Светското првенство, откако навести дека би можел накратко да ја напушти репрезентацијата за да биде покрај својата сопруга при раѓањето на нивното дете.

Сепак, многу поголемо внимание од самата одлука на Доку привлече реакцијата на француската телевизиска водителка Франс Пјерон, која во емисијата L’Équipe de choc упати остри критики кон белгискиот фудбалер.

Кога имаш можност да настапиш на Светско првенство, постојат стотици фудбалери кои би дале сè за да бидат на твоето место, а ти ќе го напуштиш тоа за да присуствуваш на раѓањето на своето дете, што, извинете, е момент во кој таткото е целосно бескорисен и има улога на статист.

Нејзините зборови веднаш предизвикаа неверување во студиото, а особено реагираше поранешниот светски шампион во бокс Брахим Аслум.

Како мислиш бескорисен? Кој дава поддршка?

Но Пјерон не се повлече од својот став и продолжи:

Зарем акушерката не знае како да ја заврши својата работа? Ти ќе изгубиш десет часа, ќе се измориш, ќе доживееш емоционален шок и ќе го нарушиш ритамот за време на Светското првенство.

Контроверната изјава дополнително се засили кога водителката додаде дека „бебето секогаш ќе биде таму, а Светското првенство нема“, коментар што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Голем број навивачи и јавни личности оценија дека ваквите изјави се навредливи и целосно ја потценуваат улогата на таткото во еден од најважните моменти во животот на едно семејство.

Додека дебатата продолжува, самиот Доку засега не се огласува. Белгискиот репрезентативец останува фокусиран на настапите на Светското првенство, но темата за тоа што е поважно, семејството или најголемиот фудбалски турнир.