НОРВЕШКА ДОНЕСЕ ПОВЕЌЕ ОД ТОН ХРАНА НА СП, ХОЛАНД ОБЈАСНИ ЗОШТО
Објавено на: 21.06.2026
Норвешката репрезентација пристигна на Светското првенство во САД со големи амбиции, но и со необичен товар. Освен фудбалерите и стручниот штаб, Норвежаните преку Атлантикот испратиле повеќе од еден тон домашна храна.
Во нивниот камп во Северна Каролина пристигнале околу 300 килограми лосос и бакалар, 116 килограми традиционално норвешко кафеаво сирење, 6000 портокали, големи количини млеко и месо, како и други производи на кои играчите се навикнати.
Зад целата организација стои Арон Еспеланд, готвач кој веќе 35 години се грижи за исхраната на норвешката репрезентација. За Светското првенство му помагаат уште тројца врвни готвачи од Норвешка.
Во норвешкиот фудбалски сојуз сметаат дека правилната исхрана е клучен дел од подготовките за голем турнир. Целта е да се избегнат стомачни проблеми, нарушувања на сонот и пад на концентрацијата кои би можеле да влијаат врз настапите на играчите.
Зошто биле толку внимателни откри и најголемата ѕвезда на репрезентацијата, Ерлинг Холанд.
Во нашиот камп ни нудеа само хамбургери, хот-дог и помфрит, па моравме да си донесеме сопствена храна.
Неговата изјава брзо стана тема на социјалните мрежи, особено ако се знае дека Холанд е познат по строгите навики кога станува збор за исхраната и физичката подготовка.
Норвежаните веруваат дека познатите намирници и храната на која играчите се навикнати ќе им помогнат полесно да се адаптираат на условите во САД и да останат во врвна форма во текот на целиот турнир.
Така, покрај фудбалските амбиции, Норвешка на Светското првенство донесе и вистинска гастрономска експедиција, решена ништо да не препушти на случајноста во борбата за историски успех.