ДЕМБЕЛЕ СИ ОДИ, ШЕРКИ ВО ПСЖ?
Објавено на: 22.11.2026
ПСЖ размислува што ако ѕвездата Усман Дембеле си замине налето. Има шпекулации дека Дембеле може да го напушти францускиот и европски првак, и клубот почна да бара алтернатива.
Прв на листата на желби е 23-годишниот офанзивен играч од средниот ред на Манчестер сити и селекцијата на Франција, Рајан Шерки.
Шерки е поранешен играч на Лион, и клубот во него гледа идеална замена за Дембеле, во случај „Златната топка“ за 2025 да го напушти парискиот клуб. Но, Шерки има договор со Сити до 2030 година и клубот не планира да го продаде.