Фудбал

БОКА ЈУНИОРС ГО ОСВОИ ПРВИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ТРОФЕЈ ПОСЛЕ 18 ГОДИНИ

Аргентинскиот гигант Бока јуниорс е освојвач на Копа Судамерикана, откако славепе со 2-0 во финалето против бразилски Атлетико Минеиро. 

Сантијаго Аскасибар и Мигел Мерентиел беа стрелци на головите кои за Бока значеа прва меѓународна титула по пауза од 18 години. Копа Судамерикана е второ по квалитет клупско натпреварување во Јужна Америка после Копа Либертадорес.

Се славеше лудо на улиците во Буенос Аирес, а капитенот Леандро Паредес од исцрпеност колабираше додека даваше изјава и заврши во болница, за среќа без посериозни последици.