Фудбал

ШЦ, ГО ЗНАЕШ КРИСТИЈАНО РОНАЛДО?

Враќањето на Кристијано Роналдо го става Манчестер Јунајтед во преден план, аналитичарите веќе претпоставуваат дека тоа е моментот што му недостасуваше на Солскјер, во обидот да формира екипа претендент за тронот во Премиер лигата.

Во англискиот хумор, тоа би изгледало вака:

Шц, знаеш кој е Кристијано Роналдо? Најдобриот фудбалер на сите времиња, најдобриот стрелец, најдобриот дриблер, најкомплетниот играч на теренот.

Е, па, тој сезонава мене ќе ме вика КАПИТЕН. И ние ќе ја освоиме титулата…

Онаку, на сликата е капитенот на Јунајтед, Хари Мегвајер со неговата девојка Ферн Хокинс, за време на СП во Русија во 2018-та, по 1/4-финалниот натпревар Шведска – Англија, кој заврши со 0:2 за Гордиот албион.