НЕВИЛ: ЈУНАЈТЕД ЌЕ ЗАВРШИ ЗАД СИТИ И ЧЕЛСИ
Објавено на: 29.08.2021
Гери Невил, кој во моментов е аналитичар и коментатор за Скај Спортс, пред неколку дена прогнозираше дека Манчестер Јунајтед ќе заврши трет во Премиер лигата, но четири дена подоцна се случи тотален ролеркостер на Островот.
Кристијано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед, засилувајќи ги црвените ѓаволи во борбата за титулата со Манчестер Сити, Челси и Ливерпул.
Сепак, во текот на вчерашниот ден колегите од Скај Спортс повторно го запрашаа Гери Невил што мисли сега за шансите на Јунајтед и дали останува на истото предвидување.
Го кажав тоа во понеделникот и се уште стојам на истиот став. Мислам дека Јунајтед ќе заврши како трет во Премиер, зад Сити и Челси. Дали мислам дека можат да ја освојат титулата? Секако дека има повеќе шанси отколку пред 5 дена и би сакал тоа да се случи повеќе од било кога до сега, но едноставно сум прагматичен и објективен.
Запрашан за новите засилувања, Невил додаде:
Роналдо и Варан се родени шампиони и имаат искуство во големи натпревари. Тој (Роналдо) повеќе не е истиот играч од пред 12 години кога беше тука, сега е повеќе гол играч кој знае да игра во шеснаесетникот. Не верувам дека ќе биде истиот како тогаш, но ако извлече 10% повеќе од сите останати, тогаш би рекол дека имаме шанси.