НИКОГАШ НЕ ВЕЛИ ЗБОГУМ – КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ЛЕГЕНДИ ШТО СЕ ВРАТИЛЕ ДОМА?
Објавено на: 28.08.2021
Кристојано Роналдо е дел од ексклузивниот клуб на имиња, кои денес претставуваат глобални спортски икони и кои во одредена фаза од кариерите, го напуштиле клубот каде се прославиле и каде станале бренд.

Роналдо замина за Реал и освои се што можеше да се освои, постави нови граници во фудбалот. Кои се другите спортисти и како тие поминаа „далеку од дома“?

Леброн Џејмс – замина од Кливленд, освои 2 титули со Мајами, се врати и ја освои првата со Кавалирс, во Лејкерс формира нова династија… која трае…

Тиери Анри – замина од Арсенал во Барселона, ја освои Лигата на шампионите, кратко ср врати во Арсенал по што се пенсионира во МЛС лигата.

Рикардо Кака – освои се со Милан, замина за Реал, повредите му ја прекинаа кариерата, се пензионира како росонер во душата, но играч на Сао Паоло.

Алан Ајверсон – експлодира во Филаделфија, загуби финале од Лејкерс, замина за Денвер, Нагетс, Пистонс, се врати и се пензионира во Сиксерс.
Имате ли некое друго име на ум?