РИВАЛСТВО ПОГОЛЕМО ОД ЖИВОТОТ: ГО СОБЛЕЧЕ ШОРЦОТ ПРЕД ПРОТИВНИКОТ
Објавено на: 25.05.2021
Играчот на Црвена звезда, Марко Гобељиќ го соблече долниот дел од спортската опрема во која го играше финалето на српскиот Куп, откако неговата екипа по 14 години со победата на пенали против најлутиот ривал Партизан, ја освои двојната круна.
Gobeljić skinuo gaće ispred Stojkovića kao odgovor na izjavu pre finala Kupa… pic.twitter.com/TwJYbM3Qvp
— Miloš Simanović (@MilosSimanovic) May 25, 2021
Потегот е неспортски, но во натпревари со ваква тензија и психолошки притисок, не е неочекуван, особено не на овие простори. На ред се дисциплинските органи на српскиот фудбал, дали ќе реагираат по ваквиот потег на дефанзивецот чија „цел“ беше противничкиот голман.
Регуларниот дел од финалето на српскиот Куп заврши без голови, немаше погодоци ниту во продолженијата, а по изведувањето на пеналите Црвена звезда се радуваше со вкупни 4:3, откако Милан Борјан им ги одбрани двата последни пенала на играчите на Партизан.
Најтрофејна екипа во српскиот Куп, по осамостојувањето на оваа држава, останува Партизан со 7 трофеи. Црвена звезда има 4, а овој е прв за делиите по 2012-та година. Во вкупниот број купови освоени во сите државни заедници, црвено-белите водат со 25 наспроти 16 трофеи на црно-белите.