НЕКОГАШ ПРИЈАТЕЛИ: НОЖОТ В ГРБ, СМЕНИ СЕ…
Објавено на: 25.05.2021
Најдобриот кошаркарски тренер на европските простори е Жељко Обрадовиќ, а најдобриот кошаркарски менаџер е Мишко Ражнатовиќ. Двајцата се Срби, двајцата се мајстори на својот занает, двајцата некогаш биле добри пријатели, но денес…
Обрадовиќ ја прекинал комуникацијата со Ражнатовиќ, откако агентот го изведе трансферот на векот и го однесе Василис Спанулис од Панатинаикос во Олимпијакос, кои се едни од најомразените ривали во постоењето на спортот воопшто.
Documentary, THE SIXTH MAN is ready to go!
Next week on Serbian national TV (RTS1)! pic.twitter.com/rHqmKX7VSe— Misko4Raznatovic (@MiskoRaznatovic) May 20, 2021
Спанулис играше за ПАО од 2007-та до 2010-та, има три титули во Евролига (2009, 12, 13) и МВП признанија на тие завршни турнири, има безброј индивидуални признанија и рекордни, но и една, споменатата контроверзна одлука во кариерата…
За овој значаен и несекојдневен момент во спортската историја, се зборува и во документарниот филм „Шестиот играч“, во продукција на Видеострој за програмата на српската национална телевизија, РТС.