ГО БРКАА ИЛИ ГО БОДРЕА СО МОТОРНИ ПИЛИ???
Објавено на: 25.05.2021
На видео-линкот е доловена атмосферата на Џиро Д’Италија, се гледа моментот кога двајца симпатизери на велосипедизмот излегуваат на патеката и „брмчат“ со моторни пили крај лидерот на 16-та етапа, колумбискиот натпреварувач Еган Бернал.
Тој подоцна славеше низ финишот во Кортина Д’Ампецо и ја задржа розевата маичка која му припаѓа на лидерот во генералниот поредок. Потегот на двајцата симпатизери на овој спорт, е најверојатно уште еден несфатлив момент за широкота публика.