Фудбал

РЕЧИСИ ОФИЦИЈАЛНО: ПОТВРДЕН КАМБЕКОТ НА МУРИЊО ВО МАДРИД

Реал Мадрид наводно донел конечна одлука за нов тренер, а според последните информации, се чека завршување на сезоната и официјална потврда.

Инсајдерот Саша Таволиери тврди дека Мурињо постигнал договор со раководството на Реал и дека од сезоната 2026/27 повторно ќе седне на клупата на мадридскиот гигант.

Португалецот би го наследил Алваро Арбелоа, кој не успеа да ја стабилизира атмосферата во клубот по хаотичната сезона исполнета со конфликти, поделби и разочарувачки резултати.

Мурињо веќе еднаш го водеше Реал, од 2010 до 2013 година, период во кој освои трофеи, но уште повеќе остана запаметен по тоа што му го врати „борбениот менталитет“ на тимот.

Во Мадрид веруваат дека токму тој е човекот што може повторно да воведе ред во соблекувалната и да направи целосен ресет на екипата.

Шпанските медиуми со недели пишуваат за тензии меѓу играчите, нарушени односи и сериозна криза во клубот, а Флорентино Перез наводно смета дека е потребна силна фигура со авторитет, нешто што Мурињо отсекогаш го носел.