Фудбал

ЈАМАЛ ЈА ПРОДОЛЖИ БИТКАТА СО БЕЛИНГЕМ ПО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Ламин Јамал повторно го „пецна“ Џуд Белингем и јасно стави до знаење дека не заборава ништо од нивната меѓусебна „војна“ на социјалните мрежи.

По титулата на Барселона во Ла Лига, освоена со победа против Реал Мадрид, младиот ас повторно испрати порака што веднаш стана хит меѓу навивачите.

За време на шампионската парада низ Барселона, Јамал доби микрофон и пред илјадници фанови повторно ја изговори реченицата:

Не заборавај, да се збори е најевтино.

Со тоа директно му врати на Белингем, кој уште по победата на Реал во Ел Класико минатата есен објави „talk is cheap“ на Instagram како провокација кон Јамал.

Сега, по титулата на Барса, младиот Шпанец ја искористи шансата за реванш и тоа пред цел град.

Ривалството меѓу двајцата очигледно само што почнува.