Мотоспорт

РАЈАН РЕЈНОЛДС ГО НАПАДНА СПОРТОТ

Откако покажа дека со правилно инвестирање и со многу трпение може да се стигне до големи успеси во фудбалот, канадскиот глумец се насочи и кон Формула 1, каде инвестира огромни средства.

Инвестициска група која ги вклучува РедБрд Капитал, Рајан Рејнолдс, Роб МекЕлени и Мајкл Б. Џордан, купила дел од акциите на Алпајн Формула 1 Тим.

За само три години, Рејнолдс успеа со Рексам да се пласира во Премиерлигата. Ќе биде вистинска возбуда да се гледа оваа бајка наредната сезона. Еве ја инвестицијата во Алпајн Ф1:

– 24% од сопственоста
– 218 милиони долари инвестиција
– Сега тимот вреди 900 милиони долари

Ќе придонесе ли ова за посилни резултати на „маргиналците“ во светот на најбрзите?