Фудбал

НОЈЕР ИСПИША ИСТОРИЈА ВО ДРЕСОТ НА БАЕРН МИНХЕН

Мануел Нојер испиша нова страница во историјата на Баерн Минхен, откако стана најстариот фудбалер кој некогаш настапил за баварскиот гигант во Бундеслигата. Искусниот голман го постави рекордот на денешниот дуел против Мајнц, на кој застана меѓу стативите на својот тим.

Со 40 години и 225 дена, Нојер го надмина досегашниот рекорд на Бернд Дрер, кој настапил за Баерн на возраст од 40 години и 198 дена. Дрер го носеше дресот на германскиот гигант од 1996 до 2008 година, но главно како резервен голман, со вкупно 15 официјални настапи.

Со денешниот настап, Нојер се искачи и на седмото место на вечната листа на највозрасни фудбалери во историјата на Бундеслигата.

Пред него се наоѓаат Мирко Вотава, Един Џеко, Клаудио Пизаро, Тони Шумахер, Ули Штајн и апсолутниот рекордер Клаус Фихтел. Тој го одиграл последниот натпревар во Бундеслигата во 1988 година, на возраст од 43 години и 184 дена.

Договорот на Нојер со Баерн истекува на крајот од актуелната сезона, по што се очекува легендарниот чувар на мрежата да стави крај на професионалната кариера.