Фудбал

БАЕРН ГО НАВРЕДИ ТОТЕНХЕМ СО ПОНУДАТА ЗА КЕЈН

Германскиот гигант ја испратил првата сума со која сaка да го доведе во Минхен, англискиот напаѓач кој сака конечно да најде екипа каде ќе освојува трофеи.

Откако стана јасно дека Реал Мадрид нема веќе интерес за Хари Кејн, баварскиот гигант упатил понуда од скоро 70 милиони евра со можни бонуси, за негов ангажман.

Од Тотенхем експресно рекле „не“ и го оцениле ова како непристоен предлог, затоа што најверојатно очекуваат далеку повисока понуда за нивната прва ѕвезда.

Колку пари вреди Хари Кејн?