Фудбал

БОКА ЈУНИОРС НА ДРАМАТИЧЕН НАЧИН ЈА ОСВОИ 36-ТАТА ТИТУЛА ВО АРГЕНТИНА

Бока Јуниорс на драматичен начин со гол во 96-та минута по 36-ти пат стана шампион на Аргентина. Во последното коло Бока ја победи Дефенса и Хустисија со 1-0, со гол на Енер Валенсија во 96-та минута, предизвикувајќи огромна радост на „Ла Бомбонера“.

Ова е 36-та шампионска титула за Бока Јуниорс. Ривер Плата и понатаму го држи рекордот со 38.

Росарио Централ кој заврши со само еден бод помалку од Бока, беше блиску до титулата, нивниот меч заврши нешто порано и некои нивни навивачли славеа, но прославата беше преуранета, титулата сепак отиде во главниот град.