Фудбал

КОЛКУ БИ ВРЕДЕЛ ОВА ЛЕТО, 23-ГОДИШЕН ГЕРЕТ БЕЈЛ?

Да се вратиме во времето, кога Реал Мадрид плати дотогаш незамислив светски рекорд, за велшкиот напаѓач кој настапуваше во редовите на Тотенхем.

Во 2013-та година, Кралскиот клуб искешира 100,8 милиони евра за услугите на Герет Бејл кој беше своевидна експлозија во европскиот фудбал, во тој период.

Бејл беше брз, динамичен, неконвенционален и робусен, со движења кои никогаш не можеа да се предвидат, но секогаш беа опасност за противникот.

Колку би платил денес Реал, за трансфер на Герет Бејл?