ПРАВЕДЕН ЛИ БЕШЕ ИЗБОРОТ ЗА ЗЛАТНАТА ТОПКА?
Објавено на: 30.11.2021
Фрабс Фудбал бира најдобар играч во актуелната година, или ја доделува наградата на стара слава? Ова е главното прашање кое треба јавноста да му го постави на престижниот спортски медиум. Лионел Меси ја доби седмата рекордна награда за најдобар во годината што изминува, затоа што Аргентинецот брилирал во дресот на Барселона пред да премине во ПСЖ и затоа што ја освоил Копа Америка.
Меси не игра ништо во ПСЖ, одамна не е најдобар на светот, а и во годините кога беше (избиран, не и докажан) имаше силен конкурент во Кристијано Роналдо. Титулата на јужноамериканското првенство ја освои Анхел Ди Мариа со гол во финалето, ако се суди според индивидуалниот учинок. Тимски гледано, Меси воопшто не влијаеше на комплетниот перформанс на Аргентинците, ниту сега, ниту пак некогаш влијаел, како што тоа го правеше на пример Марадона.
47 goals in 2020. 64 goals in 2021.
No Ballon d'Or.
Spare a thought for Robert Lewandowski 💔 pic.twitter.com/yeYIVJ3VU9
— GOAL (@goal) November 29, 2021
Роберт Левандовски постигна 47 гола минатата сезона кога беше сензационално и контроверзно откажан изборот на Франс Фудбал, поради пандемијата, а можеше технички да му се додели наградата на полскиот маестро. Годинава, Меси јавно на изборот се дрзна да му каже на Леванголски, кој има 64 гола во 2021-та, дека лани ја заслужил наградата, алудирајќи дека оваа година признанието си е негово.

Во целата анализа, да не го заборавиме третопласираниот Жоргињо, кој беше зад Левандовски и Меси во гласањето, а спектакуларно ги освои Лигата на шампионите со Челси и Европското првенство со Италија, натпреварувања во кои беше клучната фигура за триумф на двете споменати екипи со кои играше и кои ги предводеше до најголемите успеси во рамките на минатата натпреварувачка кампања. Што повеќе треба директно и индивидуално да направи еден играч, за да ја освои индивидуалната нграда на Франс Фудбал?

Очигледна е медиумската поддршка за Аргентинецот, кој несомнено е еден од најдобрите, највештите, најатрактивните и најуспешните фудбалери во историјата, но е само тоа – никогаш нема да биде уникат како што тоа се Пеле, Кројф, Марадона, Ван Бастен, или Зидан во нивните ери и генерации. Најдобар во историјата? Уште една дебата за долга и детална анализа. Дали овој Балон д’Ор беше праведен?