Фудбал

КОЛКУ ТИТУЛИ ЌЕ ЛАПНАТ ДРУГИТЕ, АКО ЈУВЕ ОДИ ВО СЕРИЈА Б?

Тамам помисливме дека скандалот Калчополи е последниот во историјата на италијанскиот фудбал, следува нова драма во најава и тоа од високи италијански спортски функционери и повторно поврзана со кој друг, ако не со најтрофејниот.

Како што јавуваат италијанските медиуми, од Италијанското друштво за заштита на правата се најавува преселба на Старата дама во Серија Б и одземање на (се уште не се знае колку) титули од последните 9 освоени во претходните 10 сезони.

Висок функционер истакнал дека ако се докажат малверзациите кои се уште се во доменот на шпекулации, Јувентус ќе биде остро казнет. Се работи за пари од трансфери во вредност од 50 милиони евра, кои се спорни и поради кои финансиската полиција истражува во просториите на Јувентус.

Во тој случај, еве кој и колку титули би „лапнал“ ако бјанконерите пак бидат „шутнати“ во втората лига:

2011/12 – Милан
2012/13 – Наполи
2013/14 – Рома
2014/15 – Рома
2015/16 – Наполи
2016/17 – Рома
2017/18 – Наполи
2018/19 – Наполи
2019/20 – Интер