ТОНИ КРОС „УДРИ“ ПО БАЛОН Д’ОР
Објавено на: 30.11.2021
Јавноста не стивнува, изборот за најдобар фудбалер во текот на изминатата година беше крајно контроверзен. Меси ја доби наградата, пред Левандовски и Жоргињо.
Едн од оние кои прозбореа гласно и излезе со свој став, е германскиот интернационалец Тони Крос:

Јасно е дека Меси, заедно со Роналдо ја одбележаа последната деценија во фудбалска смисла. Но, оваа година требаше други да бидат пред Меси, во изборот за најдобар фудбалер на годината.

Овој избор фрла нова црна дамка врз кариерата на Меси, а најлошо од се, е што тој „се радува“ и „ја истакнува“ наградата, наместо да биде резигниран како што би и доликувало на една мегаѕвезда.