ПОСЛЕДНАВА ДЕЦЕНИЈА, БАЕРН Е ПРЕСУДЕН ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ТИТУЛАТА ВО ЛШ
Објавено на: 14.04.2021
Во 8 од последните 9 сезони, екипата што победувала на крајот на сезоните во најелитната фудбалска лига на светот, е баварскиот гигант или онаа што го елиминирала во текот на таа сезона. Единствениот тим што не ја освои титулата, сепак играше во финалето.
Баерн Минхен се радуваше на пехарот минатата сезона (2019/20) против ПСЖ со 1:0 и во 2012/13 против Борусија Дортмунд со 2:1. Претходата година загуби од Челси во финалето. Реал во 2014-та го елиминира Баерн во 1/2 финалето, Барселона во истата фаза 2015-та, Атлетико 2016-та година – но не ја освои титулата.
Реал го елиминира Баерн во 1/4 финалето 2017-та и во 1/2 финалето 2018-та, Ливерпул се радуваше во првата елиминациска фаза во сезоната 2018/19, со 0:0 и 3:1. Ете за каков фудбалски гигант зборуваме, кога му се обраќаме на германскиот симбол на фудбалот.
Дали ПСЖ ќе стане шампион, или ќе ја доживее судбината на Атлетико?