Фудбал

ШАМПИОНСКИТЕ НОЌИ СЕКОГАШ НОСАТ РАРИТЕТНИ ДОСТИГНУВАЊА

Листата на рекорди и сезонава ќе биде долга, но по првите реванш 1/4 финални дуели, ги издвојуваме следните четири моменти за паметење:

  1. Мехди Тареми е првиот Иранец кој постигнал гол во 1/4 финалето, Порто победи со 0:1 против Челси, но беше елиминиран со вкупни 2:1.
  2. Иако е во оваа фаза првпат по 2014-та година, сепак Челси се пласира во 8-то полуфинале, повеќе од која било друга Англиска екипа.
  3. Кејлор Навас и ПСЖ го елиминираа шампионот Баерн Минхен, а голманот на францускиот тим никогаш нема загубено двомеч во кој настапувал.
  4. Баерн загуби на гол разлика со вкупни 3:3 (2:3, 0:1), но ја продолжи рекордната низа на гостински победи – 18 натпревари.

Остануваат уште две места во полуфиналето, ќе ги пополнат Борусија Дортмунд или Манчестер Сити (1:2), односно Ливерпул или Реал Мадрид (1:3).