Фудбал

ПСЖ МУ СЕ РЕВАНШИРА НА ШАМПИОНОТ, ЧЕЛСИ ГО ПОМИНА ПОРТО

Францускиот претставник се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, по пировата победа на првакот Баерн кој во реваншот славеше со 0:1 со голот на Шупо-Мотинг во 40-та минута, но дома загуби со 2:3. Ова беше реванш за поразот во финалето, минатата сезона.

Англискиот претставник со Томас Тухел на клупата, кој го загуби финалето минатата сезона со ПСЖ, атакува на титулата што ја нема освоено од 2012-та. Иако загуби на реваншот во Севиља со 0:1 со голот на Тареми во 90+4 минута, сепак залихата од 0:2 од првиот меч беше доволна.

Утре од 21:00 часот се соочуваат екипите на Борусија Дортмунд и Манчестер Сити (1:2 на првиот дуел), двомеч од кој победникот ќе игра против екипата на ПСЖ, односно Ливерпул и Реал Мадрид (1:3 на првиот дуел), двомеч од кој победникот ќе игра против екипата на Челси.