ПЕП ГО ЗАМЕНИ ХАЛАНД ДА НЕ ГО ПОМИНЕ МЕСИ?
Објавено на: 14.03.2023
Гвардиола е полн со епитети за Барселона, тоа е негов клуб, тој јавно призна. Каталонецот е полн со епитети за Меси, тој е негов играч, тоа јавно го признава.

Ерлинг Халанд и Лионел Меси се единствените двајца кои имаат по 5 гола во еден нокаут натпревар во Лигата на шампионите, со тоа што Халанд е убедливо помлад, а Меси го резлизира учинокот без пенал. На Халанд му требаа само 57 минути, на Меси 84 во 2012-та против Леверкузен, а на Луис Адриано 82 минути во меч од групите во 2014-та со БАТЕ Борисов.

Во ситуација кога норвешката машина газеше се пред себе и можеше да постигне 10 гола, тренерот реши да го извади од игра на половина час до крајот на натпреварот. Сомнително?

Сепак, Халанд кој стана рекордер на Сити со 39 гола во една сезона, си има свој сон – да ја допре топката 5 пати и да постигне 5 гола на еден натпревар. За овој учинок на овој натпревар со Лајпциг, му требаа 30 допири. Млад е, времето е пред него…