АКО ЛИВЕРПУЛ ПОМИНЕ, ЌЕ БИДЕ ЛИ ТОА НАЈГОЛЕМОТО ВРАЌАЊЕ ВО ИСТОРИЈАТА?
Објавено на: 15.03.2023
Во првиот натпревар загубија со 2:5. Реал Мадрид покажа дека „ја поседува“ Лигата на шампионите, од резултатски аспект. Мадридската е најголемата екипа која може некој да ја има за противник, затоа што е рекордер со 14 шампионски титули во елитното континентално натпреварување.
Англичаните имаат прилика да влезат во историјата како еден од тимовите кои изрежирале најголем камбек, ако успеат да ги надополнат трите гола негатива од Енфилд. Еднаш тоа им појде од рака, против „семоќната“ Барселона, кога имаа негатива од 3:0, па славеа со 4:0.
Тогаш, реваншот го играа дома, а сега на гостински терен. Уште една дополнителна прилика, да постигнат уште позначаен резултат. Противникот е ослабен, има многу повредени играчи и нема континуитет во овој дел од сезоната. Дали на „редс“ ќе им успее истото и против Кралскиот клуб?