ДЕКА ОБВИНУВАЊАТА СЕ СЕРИОЗНИ – ТЕБАС Е ЗАСРАМЕН ОД БАРСЕЛОНА
Објавено на: 14.03.2023
Претседателот на шпанската фудбалска лига Примера дивисион, изјави дека е засрамен од обвинувањата изнесени на име на Барселона, но и затоа што се уште нема објаснување по ова прашање од страна на каталонскиот клуб.
Во врска со обвинувањата дека Барселона уплаќала пари на сметки на фирми поврзани со шпански фудбалски функционери поврзани со арбитрите, Хавиер Тебас изјави:
Се чувствувам засрамен. Нема конкретно објаснување од Барселона. Нема никакво објаснување по обвинувањата. Ќе ни треба долго време да го решиме овој случај. Никогаш порано не сме биле во ваква криза.

Ова се парафразирани зборови на првиот човек на шпанскиот фудбал. Каков ќе биде исходот, што прогнозирате?