ПЕЛИКАНС СЕ ОПАМЕТИЈА И СЕРИОЗНО ЌЕ ГО ПРЕДИЗВИКААТ ЗАЈОН
Објавено на: 29.07.2022
Првата ѕвезда на младиот бран НБА играчи долго време е повреден и тоа ги натера челниците на франшизата од Њу Орлеанс да размислуваат малку подлабоко, пред да потпишат продолжување на договорот со суперстарот.

За да ги добие сите пари од екстензијата на договорот со Пеликанс, Зајон Вилијамсон ќе мора да има помалку масни наслаги или боди-фат на своето тело, односно повеќе чиста мускулна маса, според договорот што ќе го потпише.

Во спротивно, може да загуби дел од парите кои се предвидени, ако неговиот изглед директно влијае на неговиот перформанс или на времето што ќе го поминува на паркетите. Паметна клаузула од страна на Њу Орлеанс Пеликанс?