Фудбал

БЕРНАРДО СИЛВА ПОНУДЕН НА БАРСА ЗА 80 МИЛИОНИ ЕВРА

Бернардо Силва му е понуден на каталонскиот клуб за 80 милиони евра, од страна на англискиот клуб Манчестер Сити. Силва е еден од клучните играчи во ротацијата на Пеп Гаврдиола, кој го негува стилот со контрола на топката и со многу додавања по целиот терен.

Каталонската екипа во летниот преоден рок потроши преку 150 милиони евра на засилувања, но се уште не може да ги регистрира сите играчи. Голем проблем е Френки де Јонг, кому Барса му должи сериозни пари и сака да го продаде, а тој не сака да си замине додека не е се чисто.

Барселона има(ше) проблеми со финансискиот фер-плеј, не може(ше) да регистрира играчи, а летово изнакупи еден куп скапи фудбалери, за што целиот фудбалски свет со подзината уста се прашува – како му успеа на шпанскиот тим да го изведе тоа?

Дали Силва и треба на Барса? Дали Силва не му треба на Сити? Дали Барса може да си го дозволи Силва? Чудесен е овој свет, фудбалски, нели?