ФЕРГИ СЕ ВРАЌА! RUN!!!
Објавено на: 30.07.2022
Не беше неочекувана, но беше силна експлозија, најавата дека Алекс Фергусон се враќа во редовите на Манчестер Јунајтед, со засилени ингеренции и улога многу посериозна од онаа што ја имаше по пензионирањето 2013-та година.

Британскиот медиум Дејли Меил објави дека легендарниот тренер на Црвените ѓаволи и најуспешен менаџер во историјата на Премиерлигата, добива извршна функција. Досега, од пензионирањето, Ферги беше „англиска кралица“.

Со Алекс, на позиција се враќаат легендиде Дејвид Гил, поранешен извршен директор и легендарниот капитен Брајан Робсон, односно во телото во кое ќе бидат овие тројца ќе учествува и актуелниот фудбалски директор, Џон Муртог.

Ова тело ќе го советива актуелниот извршен директор на клубот од Олд Трафорд, Ричард Арнолд. Им помина времето на легендите, или имаат по уште некој ас во ракавот? Ќе можат ли со своите потези да го вратат Манчестер Јунајтед на врвот?