УПЛАТИЛ 96.000 ДОЛАРИ ПРОТИВ ШПАНИЈА
Објавено на: 21.06.2026
Светското првенство повторно донесе приказна која ги преплави социјалните мрежи, но овојпат во главна улога не беше фудбалер, туку еден обложувач.
Неименуван корисник на платформата Полимаркет решил да ризикува огромна сума пари на натпреварот меѓу Шпанија и Саудиска Арабија. Тој уплатил дури 96.000 долари на исход според кој Шпанија нема да успее да ја победи Саудиска Арабија.
Доколку неговата прогноза се покажела како точна, добивката ќе изнесувала речиси 800.000 долари.
Сепак, работите тргнаа во сосема поинаква насока.
Шпанија уште од самиот старт покажа дека нема намера да дозволи изненадување. Ламин Јамал го отвори резултатот уште во 10. минута, а само единаесет минути подоцна Микел Ојарзабал зголеми на 2-0.
Три минути подоцна истиот играч повторно погоди за 3-0 и практично ја реши дилемата околу победникот уште пред истекот на првото полувреме.
Така, сонот за добивка од речиси 800.000 долари се распадна за само 24 минути игра.
Кога информацијата за облогот се појави на социјалните мрежи, реакциите беа очекувани. Голем број корисници не можеа да поверуваат дека некој е подготвен да вложи толкава сума против една од најсилните репрезентации на турнирот, па обложувачот брзо стана предмет на шеги и потсмев.
BREAKING: Someone just put $96,000 on Spain to NOT win vs Saudi Arabia today
$800,000 potential payout pic.twitter.com/p40uu1Fnsw
— Kalshi FC (@KalshiFC) June 21, 2026
Некои коментираа дека тоа е една од најлошите обложувачки одлуки видени на Светско првенство, додека други се шегуваа дека Шпанците му ја уништиле добивката уште пред да стигне да седне удобно пред телевизорот.
Логично, се поставува прашањето: Што има против Шпанците што верува дека европскиот шампион ќе биде лесен плен за Саудиска Арабија?