Фудбал

НЕВООБИЧАЕН ПРОБЛЕМ ВО ЛА ЛИГА: НАТПРЕВАР ОДЛОЖЕН ПОРАДИ БОЛЕСТ НА ТРЕВАТА

Натпреварот од првото коло во Ла Лига меѓу Селта Виго и Осасуна нема да се одигра во првично предвидениот термин поради необичен проблем со тревникот.

Средбата требаше да се игра во недела, на 16 август, но претставниците на Ла Лига по детална инспекција утврдиле дека теренот не ги исполнува потребните услови за одигрување првенствен натпревар.

Причината е габична болест која го зафатила тревникот и сериозно го нарушила неговиот квалитет.

По извршениот преглед било подготвено официјално известување, по што во координација со двата клуба и Шпанската фудбалска федерација била донесена одлука натпреварот да биде одложен.

Ла Лига, во координација со двата клуба и РФЕФ, одлучи да го одложи натпреварот меѓу Селта и Осасуна, кој требаше да се одигра следната недела, поради болеста која го зафати тревникот.

Новиот термин е 27 август од 20:30 часот, што значи дека натпреварот е поместен за 11 дена.

Дополнителното време Селта ќе го искористи за санација на тревникот и негово доведување во состојба која ги исполнува критериумите за натпреварите од најсилното шпанско првенство.

Доколку проблемот биде успешно отстранет, Селта и Осасуна ќе се сретнат на 27 август во новиот закажан термин.