САКАШЕ ВО БАРСЕЛОНА, ЗАВРШИ НАЗАД НА ТРЕНИНГ ВО АТЛЕТИКО
Објавено на: 13.08.2026
Хулијан Алварез повторно се приклучи на тренинзите на Атлетико Мадрид откако клубот остана цврст во намерата да не му дозволи трансфер во Барселона.
Аргентинскиот напаѓач јавно зборуваше за желбата да ја промени средината уште за време на Светското првенство.
Најдобрата работа за мене е трансфер, сакам да го исполнам мојот сон.
Сепак, раководството на Атлетико имаше поинакви планови. Клубот одби да го пушти 26-годишниот напаѓач и покрај неговата желба да се пресели во Барселона, а сега пристигна и потврда дека тој повторно работи со екипата.
Атлетико објави фотографија од подготовките на која Алварез тренира заедно со Маркос Љоренте и Алекс Баена, со што практично стави до знаење дека Аргентинецот продолжува со подготовките за новата сезона. Според АС, Алварез претходно добил и многу директна порака од раководството на клубот:
Julian Alvarez in training with Atléti 👀pic.twitter.com/xM1J1ZwxEq
— BarçaTimes (@BarcaTimes) August 13, 2026
Извини се и фати се за работа.
Судејќи според последните фотографии од тренингот, барем вториот дел од пораката веќе е исполнет.
Сега посебно внимание ќе привлече односот на Алварез со раководството, стручниот штаб и соиграчите по турбулентното лето.
Неговата позиција дополнително ја комплицира долгорочниот договор со Атлетико. Алварез е врзан со мадридскиот клуб до летото 2030 година, па Атлетико е во силна позиција и нема потреба да прифати трансфер доколку понудата или условите не му одговараат.
Аргентинецот минатата сезона постигна 20 голови во сите натпреварувања за Атлетико. Особено ефикасен беше во Лигата на шампионите, каде постигна десет погодоци, додека во Ла Лига осум пати ја тресеше противничката мрежа.
По сите шпекулации околу Барселона, ситуацијата засега е јасна: Алварез останува во Атлетико, се врати на тренинзите и мора повторно да се фокусира на клубот во кој има договор до 2030 година.