Фудбал

НЕЈМАР Е ПРВАТА ЖРТВА НА ДЕБАКЛОТ НА ПСЖ?

Газдите на францускиот гигант почнаа да размислуваат за реконструкција на ѕвездената екипа, која не функционира онака како што се предвидуваше кога почнаа да ја создаваат.

Прв на отстрел би требало да биде бразилскиот интернационалец и виртуоз со топката, но лабилен карактер, Нејмар. Се појави шпекулација за конфликт со Донарума, предизвикан од напаѓачот.

Дали своеглавиот и дрзок Нејмар е отровното овошје во ПСЖ?