ЈУВЕ ТРГНА ПО РАСПАДОРИ, МИЛАН ПОВТОРНО ГО БРКА БЕРАРДИ
Објавено на: 11.03.2022
Џакомо Распадори има 22 години, игра во нападот на калчолгашот Сасуоло и за италијанската репрезентација. Доменико Берарди има 27 години, игра во нападот на Сасуоло и на италијанската репрезентација.
Првиот е цел на Јувентус, додека вториот е главното име кое се споменува за засилување на Милан. Двата гиганта ќе го осиромашат Сасуоло, ако успеат да ги ангажираат овие две имиња.

Приказната за Јувентус е релативно нова, но онаа на Милан е нов обид да се ангажира фудбалерот кој и во минатото се споменуваше како засилување за росонерите.

Ќе попушти ли Сасуоло, ќе се остварат ли најавите?