Мотоспорт

ШАМПИОНОТ СЕ ПОЈАВИ НА ПАТЕКАТА, ЌЕ ЈА ОДБРАНИ ЛИ ТИТУЛАТА СЕЗОНАВА?

Холанѓанецот Макс Ферстапен излета со неговиот нов Ред Бул од гаражата и се загрева за стартот на новата сезона, во Бахреин на 20-ти март.

Има ли шанса да го одбрани пехарот, со оглед на тоа дека Мерцедес и Луис Хамилтон најавија освета за контроверзниот крај минатата сезона?