Фудбал

НЕ САМО ОНИЕ ШТО ГИ ГЛЕДАМЕ, И ДОКТОРИТЕ ИМААТ ВЛИЈАНИЕ ВРЗ РЕЗУЛТАТИТЕ

Шефот на медицинските служби на Арсенал, Гери О’Дрискол се сели во Манчестер Јунајтед. Високо ценетиот лекар му се приклучи на Арсенал во 2009 година и стана клучна фигура во клубот од северен Лондон.

О’Дрискол (52) беше на прагот да потпише за Ливерпул во 2020 година пред да одлучи да остане. Тој исто така одби и други можности да замине. Сепак, Јунајтед успеа да го привлече со понуда што се очекува да биде комплетирана кон крајот на летото.

Преодниот рок ќе му овозможи на О’Дрискол да помогне во интегрирањето на наследникот, што е удар за Арсенал, но сето ова се одвиваше пријателски, како што доликува на една современа организација.