Фудбал

ГОТОВО Е? РЕАЛ И МБАПЕ СЕ ДОГОВОРИЛЕ ЗА 50 МИЛИОНИ ПО СЕЗОНА

Килијан Мбапе се согласил да потпише петгодишен договор вреден неверојатни 50 милиони евра годишно, пренесува Cadena SER. Со ова, најверојатно завршува сагата околу трансферот на најдобриот играч во моментов, во најтрофејниот клуб во историјата.

Напаѓачот би можел да го напушти Пари Сен Жермен ова лето, доколку не потпише продолжување на договорот до крајот на месецот. Мадрид е подготвен да го пречека во шпанската престолнина, фудбалерот кој ветува титули и нови историски моменти за Кралевите.

Минатата година пропадна трансферот на векот, а ако не успеат да се договорат и во овој преоден рок, Килијан Мбапе би можел да замине следното лето како слободен играч од ПСЖ, што беше напоменато дека не е прифатлива опција за газдите на францускиот шампион.