ПОРАНЕШНИОТ ГОЛМАН НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД И АЈАКС НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА
Објавено на: 08.07.2023
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и Ајакс, Едвин ван дер Сар се лекува на интензивна нега откако доживеа крварење на мозокот. Наводно, 52-годишникот се наоѓа на лекување во болница во Хрватска, каде што бил на одмор.
Ајакс објави дека поранешниот репрезентативец на Холандија, кој одигра 130 натпревари за својата земја, е во „стабилна состојба“.
Сите во Ајакс му посакуваат на Едвин брзо закрепнување, мислиме на тебе. – стои во соопштението.
Ван дер Сар поднесе оставка од функцијата извршен директор на Ајакс во мај, откако тимот заврши на третото место во холандската лига и не успеа да се квалификува за Лигата на шампионите за прв пат од 2009 година.

Тој се повлече од играње фудбал откако го напушти Јунајтед во 2011 година, пред да се приклучи на бордот на Ајакс во 2012 година, а подоцна стана извршен директор на клубот во 2016 година.