Фудбал

НЕ МИ БЕШЕ СТРАВ ОД ВАС, СЕ ПЛАШЕВ ДА НЕ ВЕ ИЗНЕВЕРАМ

Една од речениците кои ја возбудија светската спортска јавност, беше изјавата на францускиот интернационалец Патрис Евра, во неговата автобиографија, во која го опишува времето поминато во Манчестер Јунајтед.

Меѓу другото, левиот бек на црвените ѓаволи му се обраќа на Сер Алекс Фергусон кој беше познат по емотивната фудбалска блискост со своите играчи, во времето кога беше менаџер на тимот од Олд Трафорд:

„Не се плашев од Вас да згрешам, се плашев да не Ве изневерам.“ – е реченицата која долго треба да одекнува во животот на спортистите и да ги научи на вистинските вредности во животот.