Фудбал

ТРЕБАШЕ ЛИ ПИКЕ ДА ПОКАЖЕ МАЛКУ ПОВЕЌЕ РЕСПЕКТ И ДА ОСТАНЕ ВО ЈУНАЈТЕД?

Потекна од школата на Барселона каде играше во периодот од 1997-та до 2004-та година, но во Ла Масија проценија дека нема место за него кога наполни 17 години, по што премина во младинскиот погон на тогаш најдобрата и најтрофејна англиска екипа, Манчестер Јунајтед.

Сер Алекс Фергусон го пречека со раширени раце, му даде одврзани узди во последната линија, го направи играч и му дозволи да ја вкуси сениорската слава со црвените ѓаволи, каде настапуваше од 2004-та до 2008-та, со позајмица во Сарагоса во еден период меѓу 2006-та и 2007-та.

Џерард Пике издејствува трансфер со тоа што не сакаше да игра за Манчестер, по што на англискиот клуб не му преостануваше ништо друго, освен да го ослободи. Требаше ли шпанскиот репрезентативец да покаже малку повеќе респект кон клубот кој го прифати како свој?