Мотоспорт

ХАМИЛТОН ПОВТОРНО ПРЕД СУДИИТЕ, ПО БРАЗИЛСКИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ

Британецот во болидот на Мерцедес извозе перфектни квалификации на трката за Големата награда на Бразил, но повторно се соочува со потенцијална казна од страна на стјуардите.

Пред почетокот на Ф1 викендот во Јужна Америка, возачот на Мерцедес го смени моторот на болидот поради што беше казнет со 5 места на стартот, а сега може повторно да биде санкциониран.

Се испитува DRS-от на возилото на Мерцедес и ако биде откриена некаква неправилност, следува нова казна. Стјуардите на трката изјавија дека ќе донесат решение утрото пред спринтот, што значи околу пладне по централно европско (наше) време.