Мотоспорт

МЕРЦЕДЕС КОНЕЧНО ГО ИЗВАДИЈА ПНЕВМАТИКОТ НА БОТАС

Менувањето на пневматиците во Монако беше фатално за Валтери Ботас кој поради заглавување на штрафот на тркалото не успеа да ја продолжи трката.

Од Мерцедес по трката најавија дека тркалото ќе биде извадено во нивната фабрика во Англија, а вчера и се случи „свечениот чин“ кој Германците го документираа со интересно видео на нивниот Инстаграм профил.