Фудбал

ФАНОВИТЕ НА ЧЕЛСИ И СИТИ ПРЕДВРЕМЕ ГО ЗАПОЧНАА ДУЕЛОТ

Два англиски тима и загреани фанови во странство подразбира по некој удар пред почетокот на натпреварот.

Па така и денес, фановите на Челси и Сити пред време го започнаа дуелот со испади на повеќе локации во Порто. Снимките на социјалните медиуми говорат за неколку тепачки во последните 24 часа низ улиците на португалскиот град.

Недостигот на присуство на фудбалските терени, се чини ќе биде надоместен „правилно“ и прекумерно во Порутгалија. Како што јавуваат и португалските, но и англиските медиуми, полицијата реагирала скоро насекаде и на време ги растуриле толпите, но сепак еден англиски фан е хоспитализиран.

Едно е сигурно, страстите пред утрешното големо финале зовриваат!