Тенис

ТРИТЕ ЏИНОВИ ЌЕ СЕ БОРАТ НА ИСТАТА СТРАНА

Ѓоковиќ, Надал и Федерер ќе играат на истата страна од ждрепката на Ролан Гарос. Нема да гледаме големо финале меѓу двајца од овие тројца најуспешни тенисери на сите времиња, кои освоија 17 од последните 20 Грен слем титули.

Доминик Тием, Стефанос Циципас, Даниил Медведев и Александер Зверев тријат раце, затоа што нема да се соочат со претставник на големата тројка се до финалето, ако некој од нив успее да се пласира во последниот натпревар.