Мотоспорт

И ЛЕКЛЕР Е САМО ЧОВЕК: ВОЗАЧОТ НА ФЕРАРИ „СЕ ЧУКНА“ НА ПАТЕКА НА КОЈА ПОБЕДИ ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ (ВИДЕО)

Шарл Леклер, возачот на Ферари, можеби е еден од најдобрите возачи во Формула 1 во моментов, но кога станува збор за обичниот сообраќај, и не е толку претпазлив.

Минатата недела победи на Монца, неколку месеци претходно славеше и во Монако, а сега токму на истата патека на која триумфираше, успеа да се удри во автомобилот кој беше пред него при свиок.

Среќа па целата ситуација се случи при минимална брзина и со минимална штета.