Кошарка

ДА СЕ НАЕЖИШ: ХОЛОГРАМОТ НА ПЕТРОВИЌ ЈА ПОЗДРАВИ ЗАГРЕПСКАТА АРЕНА, А ТИЕ МУ ПЕЕЈА „КАКО Е ДОБРО ШТО ТЕ ВИДОВМЕ ПОВТОРНО“ (ВИДЕО)

На вчерашниот меморијален натпревар кој се одржа во Загреб во чест на легендарниот хрватски кошаркар, Дражен Петровиќ, беше приредено емотивно изненадување за присутните во арената, кога холограмот на Петровиќ се појави и ги поздрави.

Поранешните членови на кошаркарската селекција на Коцкастите, предводена од Тони Кукоч, Дино Раџа, Стојко Вранковиќ, не можеа да ги воздржат емоциите, како и повеќето во салата, кога холограмот на Дражен им посака добредојде и да уживаат во натпреварот, потсетувајќи се на генерацијата која се спротивстави на американскиот дрим-тим на ОИ во Барселона во 1992 година во големото финале.

Целата арена потоа го запеа хитот на Нови Фосили „Како е добро што те видовме повторно“.